Satuk Buğra Kutlugün
30 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Делегација на Европската Унија (ЕУ) утре ќе ја посети Турција за да разговара за исполнувањето на условите за безвизен режим и за проблемите со бегалците, јавува Anadolu Agency (AA).
Делегацијата на ЕУ утре и задутре ќе престојува во Анкара за да одржи состанок со турското Министерство за Европската Унија (ЕУ), и со Министерството за надворешни и за внатрешни работи. Темите на состанокот ќе бидат евалуација на листата на критериуми кои Турција мора да ги исполни за да добие безвизен режим за патување низ Европа.
Европската Унија во моментов го разгледува барањето на турските државјани да патуваат во земјите од Шенгенот без виза. Техничката делегација на Европската комисија ќе го изнесе своето мислење за седумте најважни критериуми од вкупно 72, чие исполнување се очекува од Анкара.
Во 2016 година, Турција и ЕУ потпишаа договор со цел да се запре преминот на мигрантите преку Егејското Море. Преминувањето во голема мера е сопрено со преземање строги мерки против трговците со луѓе и со подобрување на условите за речиси три милиони сириски бегалци во Турција.
Турција подолг период се жали дека ЕУ е бавна во постигнувањето на договорот за безвизниот режим, како и во врска со испораката на ветените средства за згрижување на бегалците.