Hayati Akçay
08 Јуни 2018•Ажурирај: 09 Јуни 2018
ОРДУ (АА) - Претседателот на Управата за верски работи на Турција (Дијанет), Али Ербас, во врска со одлуката на австриските власти за затворање на седум џамии во таа земја, изјави дека станува збор за постапка спротивна на човековите права и верските слободи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуката која ја донесе австриската влада е крајно погрешна. Се работи за одлука која е спротивна на човековите права, принципот на слобода и верските слободи“, изјави Ербас.