İlkay Guder
23 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
ИЗМИР (АА) – Во градчето Алиага во Измир, на пристанишниот терминал на претпријатието „Етки Лиман“ се одржа церемонија за отворањето на првиот турски подвижен резервоар за ЛНГ (течен природен гас), познат како ФСРУ, и за инвестиции за зголемување на капацитетот за складирање на „Егегас“, јавува Anadolu Agency (AA).
Со читање на Куранот започна церемонијата на која присуствуваа претседателот Реџеп Таип Ердоган, премиерот Бинали Јилдирим, вицепремиерот Мехмет Шимшек, министерот за енергетика и природни ресурси, Берат Албајрак, министерот за економија Нихат Зејбекџи, помошникот генерален претседател на АК Партијата, Џевдет Јилмаз, претседателот на регулаторниот орган на енергетскиот пазар (ЕПДК), Мустафа Јилмаз, генералниот претседател на Здружението за независни индустријалци и бизнисмени (МУСИАД), Наил Олпак, претставници на фирми и на енергетскиот сектор, гувернерот на Измир, Ерол Ајјилдиз, градоначалникот на Измир, Азиз Коџаоглу и други гости.
На оваа церемонија свое обраќање имаше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
„Ако добро забележите, зачестенитее напади во последните години се стремат да ја поткопаат климата на стабилност и безбедност на земјата. Никогаш не потклекнавме на игрите во кои сакаат да нѐ воведат, односно да го одвлечат вниманието од енергијата, развојот и инвестициите кон друга план, како што се безбедносните грижи и неизвесноста. Веќе ги дешифриравме и нема да влеземе во овие игри“, изјави претседателот Ердоган.
- „Ал- Баб е речиси решен“
„Бидете сигурни дека турскиот народ, кој по цена на својот живот на 15. jули излезе во одбрана на својата независност и иднина, повторно ќе излезе во пресрет на секој што ќе вложи напори во изградбата на иднината, и на сите оние што го преземаат ризикот“, рече Ердоган.
„Кога падна бомба во Килис велеше: ’Каде е владата, каде е државата’. А кога се одеше против оние што ја фрлија бомбата во Килис, овој пат пак велеа: ’Ние ли ќе го спасиме светот’. Колку ли се овие луѓе наивни. Секако дека ќе одиме. Напразно ли уште од почетокот изјавивме дека тоа ќе биде регион ослободен од тероризам. Ама не знаеја за трпение. Затоа ние рековме: ’Нема да се бориме против тероризмот само во нашата држава, ќе одиме и таму’. И ете, сега Ал-Баб е речиси решен и нашите вооружени сили заедно со силите на Умерената сириска опозиција ќе се погрижат и за тој регион“, истакна Ердоган.
- „Оној што ќе нѐ задева, прво добро нека се пресмета, ќе си ја добие лекцијата.
„Оној што ќе нѐ задева, прво добро нека се пресмета, ќе си ја добие лекцијата. Душата нѐ боли, свесни сме за тоа, но и ним ќе им го направиме тоа што треба“, рече претседателот Ердоган во врска со операцијата „Штитот на Еуфрат“.
„Велат: ‘Оваа работа треба да има и своја дипломатска страна’. Кој ви кажува дека нема? Ние во регионот работиме заедно со коалициските сили, на ист начин и со Русија, со Иран, покрај сите овие средби, од една страна и тоа го правиме. На ист начин, одржувајќи средби со Саудиска Арабија, Катар, ние продолжуваме со работата. Никој нека не ни држи часови по дипломатија. Ние добро си го знаеме предметот. Во периодот што следува ќе продолжиме со иста решителност“, истакна претседателот Ердоган.