Zeynep Rakipoğlu
06 Август 2021•Ажурирај: 08 Август 2021
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган по петочната молитва во џамијата Чилехане во Ускудар
зборуваше активностите што државата ги вложува за гаснењето на пожарите што во моментов се активни во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган соопшти дека под контрола се ставени 196 од вкупно 208 шумски пожари во 44 града низ Турција.
Тој потсети дека шумските пожари сѐ уште се активни во петте турски области Анталија, Мугла, Испарта, Ајдин и Денизли и додаде дека во тек се активности за нивно ставање под контрола.
Претседателот на Турција во изјава за новинарите во Истанбул рече дека бројот на летала и возила ангажирани на гаснењето на шумските пожари е во постојан пораст.
„На гаснењето на шумските пожари во Турција моментално се активни 56 хеликоптери“, изјави Ердоган и потсети на петте украински летала кои поради можноста за работа во текот на ноќта, на гаснење на пожарите работат 24 часа дневно.
Ердоган нагласи дека во борбата против шумските пожари се мобилизирани сите расположливи капацитети.
Претседателот Ердоган потсети дека од Азербејџан во Турција пристигнале повеќе од 600 обучени пожарникари со опрема и механизација кои помагаат во гаснењето на пожарите.
„Нема да дозволиме нашата земја да биде опустошена“, порача Ердоган.
Ердоган најави дека во рамките на кампањата „Здив за иднина“, до крајот на годината во Турција ќе бидат засадени 252 милиони садници, по три за секој граѓанин.