Handan Kazancı
31 Август 2020•Ажурирај: 01 Септември 2020
ГИРЕСУН (АА) - Турција одвои над 73,5 милиони турски лири (скоро 10 милиони долари) за санирање на штетите од поплавите кои минатата недела го зафатија црноморскиот регион на Турција, соопшти денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган денес го посети Гиресун и во своето обраќање пред жителите истакна дека средствата се испратени преку Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), како и преку ресорните министерства.
Турскиот претседател нагласи дека сумата на штетата кои ја претрпеа сопствениците на продавници во областа во износ до 50.000 турски лири (6.800 долари) ќе биде покриена во форма на грантови.
„Кредити без камата за поддршка до 100.000 лири, исто така, се на располагање на малите и средни претпријатија кои претпеа штети од катастрофата“, додаде тој.
Турскиот претседател истакна и дека ќе се започне проект кој ќе чини 1,2 милијарди лири (163.000 долари) за спречување на слични катастрофи.
Вчера, турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека бројот на жртви од поплавите кои минатата недела го погодија Гиресун се искачи на 10.
Спасувачките екипи сè уште трагаат по пет исчезнати лица.
Досега се спасени 157 лица, од кои најмалку 12 се повредени.