Mümin Altaş
06 Декември 2017•Ажурирај: 06 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика САД да се откажат од признавањето на Ерусалим како главен град на Израел и од преместувањето на амбасадата од Тел Авив, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како претседател на Република Турција и председавач на Организацијата за исламска соработка ги повикуваме САД да се откажат од овој чекор кој ќе поттикне хаос во регионот, и го повикуваме Израел да следи политики кои ќе дадат придонес кон мирот и спокојството“