Hülya Çorakçı Ertan
21 Јануари 2017•Ажурирај: 22 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Истанбул изјави дека Турција по потполното усвојување на уставните промени ќе направи нов исчекор, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган говореше на цереномијата на отворањето на метро во истанбулската населба Пендик, а во таа прилика се осврна на актуелните случувања.
Се осврна и на пакет предлогот за уставните измени, кои утрово ги усвои турскиот парламент.
„Парламентот утрово даде добар одговор на оние кои прашуваат: „Што тоа направивте вие?", Но, вистинскиот одговор сепак кој ќе им го даде народот, кој ќе донесе вистинска одлука. Турција после тоа ќе направи нов скок, рече Ердоган.
Се осврна и на синоќешните напади на зградата на Дирекцијата на истанбулската полиција и седиштето на Партијата на правдата и развојот (АК Парти).
„Тие ќе настојат да ја затемнат нашата иднина, а ние со секоја инвестиција и направениот чекор ќе ја осветлуваме нашата иднина. Тие ќе палат терористичко оружје и бомби, а ние ќе напредуваме и ќе градиме. Тие по пат на финансиски шпекулации ќе не влечат кон дното, а ние ќе одиме кон врвот. Тие ќе бараат патишта за убивање, на ние патишта за живот. Бидејќи сите ние заедно сме Турција", рече претседателот Ердоган.