Ayşe Hümeyra Atılgan
18 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека турската борба е насочена против терористичките групи во регионот, а не против курдскиот народ, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во своето обраќање пред локалните челници во Анкара изјави: „Курдите во Ирак и во Сирија ги гледаме исто како Туркмените и Арапите“.
Истакнувајќи дека ниту една етничка група не е супериорна во однос на друга, претседателот рече: „Нашата единствена загриженост во борбата против ПКК и ДЕАШ е дали некој е член на тие терористички групи“.
Тој рече дека терористичката организација ПКК/ПЈД ги искористува курдските браќа.
„Турција е стар пријател на Курдите, исто како и на другите браќа“, рече Ердоган и додаде: „Кога ќе го напуштат (регионот), ние ќе останеме заедно“.
Ердоган додаде дека Турција нема да ги толерира оние Курди што ги поддржуваат терористите.
Во врска со неодамнешниот референдум за независност на Курдската регионална управа (KRG), Ердоган реагираше луто и рече: „Како се осмелувате да кажете 'Киркук е наш'? Дали имате своја историја таму?“.
Нелегитимниот референдум беше спроведен во три покраини контролирани од КРГ, во рамките на ирачкиот Устав, како и спорните подрачја како Киркук, коишто силите на КРГ ги зазедоа во 2014 година.
Нелегитимниот референдум наиде на силно противење од страна на повеќето регионални и меѓународни фактори, вклучувајќи ги САД, Турција и Иран, кои предупредија дека гласањето ќе го одвлече вниманието од ирачката борба против тероризмот и дополнително ќе го дестабилизира регионот.
Турскиот претседател рече дека нема да има повеќе летови до и од Ербил и потврди дека Турција ќе соработува со легитимната влада на Багдад во врска со граничните премини, аеродромите и трговијата со нафта.
„Зошто Турција, која досега искрено беше со КРГ, почна да ги затвора своите граници и воздушниот простор?“, запраша Ердоган и рече дека КРГ предизвикала промена.
„Верувам дека народот во северен Ирак ќе зборува против погрешната политика на КРГ, која го нарушува нивниот сопствен мир и просперитет“, изјави Ердоган.