İlkay Güder
16 Ноември 2017•Ажурирај: 17 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 22 ноември ќе отпатува за Сочи, за да присуствува на трилатералниот состанок на претставниците од Турција, Русија и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дознава дека Ердоган во таа пригода ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин.
На трилатералниот состанок ќе бидат разгледани случувањата во Сирија, но исто така и во регионот.
Се очекува иранскиот претседател Хасан Рухани да присуствува на состанокот.