Kübra Chohan
11 Јули 2018•Ажурирај: 11 Јули 2018
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека „Турција никогаш нема да дозволи кипарските Турци да бидат малцинство", јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Мустафа Акинџи во Никозија, Ердоган на конференцијата за медиумите истакна дека Кипар е прашање од национално значење.
„Кипар е нашето национално прашање. Наша цел е да се пронајде правило и одржливо решение за Кипар", рече Ердоган, напоменувајќи дека Турција никогаш нема да дозволи Турската Република Северен Кипар да биде жртва на „пат позиција".
„Секогаш сме биле со кипарските Турци и секогаш ќе бидеме", рече турскиот претседател.
Додаде и дека целта на Турција е да го дуплира националниот доход по глава на жител на Турската Република Северен Кипар и тоа подрачје да се претвори во вистинска атракција во источниот Медитеран.
Посетата на Ердоган на Турската Република Северен Кипар е неговата втора посета откако вчера е инаугуриран за претседател на државата. Претходно денеска, тој престојуваше во Азербејџан каде во Баку се состана со азербејџанскиот колега Илхам Алиев.