Gözde Bayar
04 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека Турција нема да отстапи од договорот со Русија за набавката на одбранбениот систем С-400, јавува Anadolu Agency (AA).
„Постои договор. Одлучни сме. Не станува збор за повлекување кога станува збор за тој договор“, им рече Ердоган на новинарите во Истанбул.
Власта на Република Турција во 2017 година донесе одлука за набавка на рускиот одбранбен ракетен систем С-400, со цел зајакнување на безбедноста на воздушниот простор. На таа одлука ѝ претходеа неуспешни преговори за набавка на американскиот систем „Патриот“.
САД остро се противат на турско-рускиот договор за системот С-400. Официјален Вашингтон тврди дека тоа не е во согласност на системите на НАТО.
Официјална Анкара одговори дека Вашингтон одбил на Турција да ѝ го продаде системот „Патриот“ и дека Турција е принудена да бара алтернативно решение кое е пронајдено во поволната понуда на Русија.
„Можеме да разговараме и за купување на „Патриот“, ако добиеме поволна понуда како онаа од Русија. Досега не ја добивме“, рече Ердоган.
Ердоган, исто така рече дека Турција повлекува стратешки потези кои се корисни за сите страни.
„Секоја земја има свои интереси кои треба да ги задоволи. Немаме обврска да купуваме што било“, заклучи Ердоган.