Burak Bir
04 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
АНКАРА
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел по пат на видеолинк, истакнувајќи дека неприфатлива е поддршката на некои земји кон грчкиот себичен и неправеден став, известува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган во разговорот со канцеларката Меркел рече дека Грција, администрацијата на кипарските Грци и други земји кои ги поддржуваат, предизвикале застој и ескалација на тензиите. Ердоган ги поздрави напорите на Меркел за решавање на споровите во Источниот Медитеран предизвикани од Грција и оние кои ја поддржуваат.
Освен за Источниот Медитеран, станало збор и за други регионални прашања, како и за билатералните односи.
Грција почна нелегално да го ограничува турското поморско подрачје, обидувајќи се да го исцрта како дел од брегот на малите грчки острови што се наоѓаат во близина на турскиот брег.
Турција смета дека и двете страни, наместо тоа, би требало да водат дијалог со цел да се постигне најдобро решение засновано на фер поделба.
Грција неодамна спроведе воени вежби, во кои учествуваше и Франција, чија цел е заплашување на Турција, со цел да ги запре енергетските истражувања. Исто така, Грција нелегално ги вооружи егејските острови, прекршувајќи ги долготрајните мировни договори.
Неодамнешниот договор на Атина за поморското разграничивање со Египет исто така го крши континенталниот појас на Турција и нејзините поморски права, што предизвика дополнителни тензии меѓу двата соседи.