Sibel Uğurlu,Kübra Chohan
06 Јули 2017•Ажурирај: 07 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Турција депортираше 5.000 осомничени терористи и издаде забрана за влез во Турција за 53.000 лица, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавуава Anadolu Agency (AA).
„Над 3.000 терористи на ДЕАШ, вклучувајќи и одредени нејзини водачи, беа неутрализирани во операцијата 'Штитот на Еуфрат'“, додаде Ердоган на заедничката прес-конференцијата во Анкара со претседателот на Индонезија, Јоко Видодо.
Тој истакна дека во илјадниците депортирани лица има и осомничени терористи од Јужна Азија.
Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, борците на ослободителната сириска војска, поддржани од турската армија, зазеде територии во северна Сирија од ДЕАШ, во периодот меѓу август минатата година и март.
Операцијата придонесе Турција да ги расчисти своите граници од терористите на ДЕАШ, и им овозможи на 100.000 Сиријци да се вратат во својата земја, рече Ердоган.
За време на состанокот, Ердоган истакна дека се дискутирало и за регионални прашања како и за последните случувања во Катар.
„Имавме можност да разговараме за заедничките чекори што може да се преземат во борбата против тероризмот во светот“, рече тој.
- Размена на разузнавачки информации и борбата против тероризмот -
„Влегуваме во критичен период во кој треба да бидеме повнимателни и да ја интензивираме размената на разузнавачки информации. Мораме да ги спречиме терористите на ДЕАШ, протерани од териториите што ги окупираа, да не влезат во нашата земја или во други земји“, рече Ердоган.
„Како лидери што внимателно ги следат глобалните случувања, ние добро го познаваме фактот дека азиско-пацифичкиот регион се зголемува од ден на ден. Азиските земји стануваат повлијателни во глобалната економија и во трговијата“, додаде тој.
Индонезискиот претседател Видодо истакна дека Индонезија и Турција имаат огромен потенцијал за соработка.
„Одлучивме да ја зајакнеме безбедносната соработка помеѓу Индонезија и Турција во борбата против тероризмот. Би сакале да го сториме тоа преку размена на разузнавачките информации“, додаде тој.
Видодо нагласи дека двајцата лидери разговарале и за начините за намалување на пречките за трговија и формирање на поволна инвестициска поставеност.
„Ние веќе соработуваме во областа на воздухопловството, поморството и енергијата“, рече тој.
Видодо нагласи дека е постигната солгасност за соработка во производството на подморници и дронови, како и електрични централи на вода со цел задоволување на потребите на Индонезија за електрична енергија.
Во однос на кризата во Заливот тој рече: „Се надевам дека комуникациските канали ќе се отворат, и ќе започне конструктивен дијалог за надминување на кризата. И двете страни треба да се договорат за започнување заеднички преговори со цел ставање крај на спорот“.
Двајцата лидери присуствуваа и на потпишувањето на Договорот за економско партнерство помеѓу Турција и Индонезија.
Турскиот претседател Ердоган истакна дека ќе присуствува на самитот на Г-20 што започнува утре, заедно со индонезискиот претседател.