Büşra Nur Çakmak
12 Јули 2023•Ажурирај: 19 Јули 2023
ВИЛНУС (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес оствари средба со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус, главниот град на Литванија, јавува Анадолу.
Состанокот зад затворени врати се одржа во Литванскиот изложбен и конгресен центар (LITEXPO), каде што се одржува и дводневниот состанок на НАТО што започна вчера.
Претходно во текот на денот Ердоган се сретна и со шпанскиот премиер Педро Санчез и холандскиот премиер Марк Руте.
Триесет и еден лидер на воената Алијанса се состанаа за да разговараат, меѓу другите прашања, и за војната во Украина, членството на Шведска во НАТО и чекорите на Алијансата за зајакнување на одбраната и одвраќањето.
Туркије е членка на НАТО над 70 години и може да се пофали со втора по големина армија во Алијансата.