Sefa Şahin
24 Август 2021•Ажурирај: 25 Август 2021
АНКАРА
Претседателот на Турција и претседател на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган, во својот говор на состанокот на обласните претседатели на неговата партија истакна „Очекуваме домашниот автомобил да биде на патиштата во 2023 година“, известува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Турција Ердоган во своето обраќање наведе дека процесот на производство на автомобилот од турско производство се одвива според планираното и се надева дека домашниот автомобил ќе биде на патиштата во 2023 година.
Ердоган се осврна и на турската одбранбена индустрија која е во голем подем, потенцирајќи „Турција е една од земјите истакнати произведувачи во одбранбената индустрија кои извезуваат на повеќе полиња, меѓу кои и извоз на беспилотни летала.“
Зборувајќи за трагите што ги оставија пожарите што беснееја низ цела Турција во изминатиот период, претседателот Ердоган рече: „Одлучни сме да ги избришеме трагите кои ги оставија пожарите. Со Божја помош, оваа држава е силна, нашиот народ е силен и ќе успееме во тоа.“