Bedrudin Brlyavac
22 Јули 2016•Ажурирај: 22 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, вчера на прес-конференцијата изјави дека 15 јули, денот на обидот за државен удар во Турција е прогласен за Ден на сеќаваање на жрвтите, јавува Anadolu Agency (AA).
„Идните генерации, цивили, полицајци, војници, нема да ги заборават јунаците на отпорот за демократијата од 15 јули. Петнаесетти јули го прогласивме за Ден на сеќавање на жртвите, тоа сака да го споделам со вас”, изјави Ердоган на почетокот на обраќањето.
Тој напомена дека неодамнешните случувања во Турција јасно покажале дека волјата на народот е најсилен отров против државниот удар.
„Случувањата кои ги доживеавме покажаа дека волјата на народот и самиот народ се најефикасен и најсилен отров против државниот удат. Од народот кој веќе недела дена ја води оваа посветена брорба, без давање на повод и за најмала провокација, барам малку трпение и посветеност”, изјави Ердоган.
Тој го замоли турскиот народ да продолжи со стражата за демократија додека земјата, не излезе од овој тежок период.
„Би го замолил нашиот храбар народ, кој со мудрост и храброст го спречи обидот за вооружен државен удар, на плоштадите да продолжат со стражата за демократија која до сега ја држаа, се додека земјата во потполност не излезе од овој тежок период ”, изјави Ердоган.