Uğur Çil
12 Јули 2017•Ажурирај: 12 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека мнозинството од турскиот народ смета дека пристапот на ЕУ кон оваа земја не го смета за искрен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ердоган гостуваше во програмата „Хард ток“ на телевизијата BBC, а во таа пригода одговораше на прашањата на новинарите во врска со односите на неговата земја со ЕУ.
Запрашан за својот личен став во врска со прашањето дали за Турција би било подобро да е во ЕУ или да остане надвор од Унијата, Ердоган одговори:
„Ние ги одржуваме нашите ветувања. Но, кога ЕУ кон нас би била јасна и отворена, и да каже 'ние не можеме да ја примиме Турција во ЕУ', тоа би ни олеснило. Ние во тој случај би се фокусирале на нашиот план Б, нашиот план Ц. ЕУ за нас не претставува неопходно место. Турција е земја што силно стои на своите нозе, таа земја ја премина бројката од 11.000 долари приход по жител“.
На прашањето дали всушност со тоа сака да каже дека смета оти би било подобро Турција да остане надвор од ЕУ, Ердоган порача:
„Токму во времето кога го презедов мандатот за премиер на Република Турција, ставот кон мојата земја на Самитот на лидерите на ЕУ беше дека Турција направила една тивка револуција. Истата таа Европа, за жал, како што не нè повикува на Самитот на лидерите, константно одолговлекува. Всушност, моментално, мнозинството од мојот народ не ја сака ЕУ, односно пристапот на ЕУ кон нас не го смета за искрен. Но, и покрај тоа, ние ќе продолжиме со нашата искреност кон ЕУ уште некое време и ќе видиме што ќе се случи“.