Hatice Şenses Kurukız
21 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, обраќајќи се на Фестивалот на воздухопловство и технологија (ТЕХНОФЕСТ) во Истанбул, порача дека Турција сака да стане произведувач на нови технологии во процесот на технолошка трансформација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова место [Технофест] го гледам како платформа која покажува што нашата нација, првенствено младите, може да направи, дури и со многу ограничени можности на полето на технологијата“, рече Ердоган.
Нагласи дека неговата земја сака да биде, не само пазар, туку и произведувач на нови технологии во процесот на технолошката трансформација.
„Од вторникот до денеска бројот на посетители на ТЕХНОФЕСТ ја надмина цифрата од 500.000 луѓе. Значи, ја надминавме бројката од минатата година. Се надевам дека ќе надминеме милион посетители“, рече Ердоган.
Осврнувајќи се на економијата на Турција, Ердоган нагласи дека и покрај сите напади со кои е соочена, Турција има економија која стабилно стои на свои нозе.
„Фестивалот на воздухопловство и технологија (ТЕХНОФЕСТ), кој се одржува во Истанбул и спаѓа во редот на најголемите настани од тој вид во светот, досега го посетија 500.000 луѓе“, рекоа организаторите.
АА е глоблаен медиумски партнер на ТЕХНОФЕСТ, кој со поддршка на бројни институции, компании и универзитети со Т3, го организира и турското Министерството за индустрија и технологии.