Hatice Şenses Kurukız,Berk Özkan
21 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека со нивните пријатели и сојузници сакаат имаат уште поцврста соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган од палатата „Вахдетин“ во Истанбул преку видеоконференција учествуваше на 7. редовен конгрес на Партијата за правда и развој (АК Партија) во Ќутахјаж Афјонкарахисар, Батман и Сирт.
Турскиот претседател се осврна на настаните помеѓу Азербејџан и Ерменија, нагласувајќи дека заедно со нивните азербејџански браќа ја доживеале радоста на една победа која, како што рече тој, ќе стави крај на 30-годишните страдања.
„Покрај сите тешкотии пред нас, започнавме нов период во нашата борба за развивање, зајакнување и збогатување на секој крај на нашата земја“, рече Ердоган.
Тој истакна дека немаат цел да се караат со никого, ниту во земјата ниту во странство, немаат цел да ги прекршуваат правата на никого и дека немаат цел да го нарушуваат легитимниот став на никого.
„Со нашите пријатели и сојузници сакаме да бидеме во уште поцврста соработка“, додаде турскиот претседател.
Ердоган рече дека од Европската Унија (ЕУ) очекуваат да го одржи ветувањето и да не прави дискриминација.
„Себеси се гледаме во Европа, а не на други места, и предвидуваме дека нашата иднина ќе ја градиме заедно со Европа“, истакна Ердоган.
„Нашите долгогодишни и блиски сојузнички односи со Америка посакуваме да ги искористиме активно во решавањето на сите регионални и глобални прашања. Никогаш не може да ги игнорираме земјите со кои имаме вкоренети и историски односи, како со Русија и Иран“, додаде тој.
Ердоган нагласи дека се во потрага по развивање соработка со скоро сите регионални пактови во светот, и дека во секое место се обидуваат да најдат решение врз основа на територијалниот интегритет и политичкото единство.
„Во секоја работа чекориме со разбирање за заштитата на правдата и правата на погодените лица. Демократијата, правата и слободите, правдата и економскиот развој ги штитиме и реализираме поради тоа што нашиот народ го заслужува тоа, а не поради тоа што некој ни го наметнува. Сметаме дека со ниту една земја и институција немаме проблем кој не може да се реши преку политика, дипломатија и дијалог“, рече Ердоган.