Ilkay Guder
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, во кој била истакната важноста од нормализирање на билатералните односи меѓу Турција и Русија, нивно заживување и остварување на потребните чекори. Покрај тоа станало збор и за потребата од заедничка соработка околу политичката, економската и хуманитарна криза во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во прес-центарот на Претседателството беше соопштено дека претседателот Ердоган имал телефонски разговар со претседателот на Русија, Владимир Путин, и во таа насока е кажано дека двајцата претседатели ја истакнале потребата од заживување на билатералните односи како и за заедничка соработка во однос на кризата во регионот.
„Претседателот на Турција и почитуваниот Путин, покрај потребата од остварување на потребните чекори за ново заживување на билатералните односи, разговарале и за потребата од заедничка соработка околу политичката, економската и хуманитарна криза во регионот. Почитуваниот Путин, за време на разговорот, го осудил терористичкиот напад во Истанбул и на претседателот на Турција и турскиот народ им го изразил своето сочуство. Двајцата лидери го истакнале значењето на темите за повторно заживување на билатералните односи меѓу двете земји и заедничка борба против тероризмот, одржување на врските и се договориле за остварување на тет-а-тет средба".