Sarp Özer
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со нападот со хемиско оружје во Сирија истакна дека Обединетите нации (ОН) немо ги следат крвавите случувања в Сирија, земја во која се води крвава војна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Убиецу Асад, како ќе се спасиш од нивниот лелек? Свету, кој сето ова немо го гледаш, ОН кои исто така се неми, како ќе дадете сметка за сето ова?", запраша Ердоган.
Од друга страна, Светската здравствена организација (СЗ) соопшти дека постојат докази дека во вчерашнито напад на цивилите во сирискиот Идлиб е користено хемиско оружје и нервен плин.
„Ги алармиравме сите свои капацитети по извештаите кои ги добиваме од Идлиб во кој вчера во нападот со високоотровни хемиски гасови се убиени повеќе од 70, а ранети стотици лица, меѓу кои беше и голем број деца", се наведува во пишаното соопптение на СЗО.
Од таму истакнуваат дека вчерашниот напад во Идлиб бил најбруталниот напад со хемиско оружје на цивилите по нападот кој во Источна Гута кај Дамаск е изведен 2013. година.
Во соопштението се наведува дека сите извештаи од теренот укажуваат на труење со хемиски гасови и дека организацијата соработува со лекарите на теренот и во Турција за да ја пружи потребната помош на најзагрозеното население.
„Лекарите со кои соработуваме на теренот јавуваат дека страданите немаат физички повреди, туку дека гушењето е најчеста причина за смртта. Извештаите укажуваат дека повеќе смртни случаи настапија со труење со нервни гасови", се наведува во соопштението.
Во вчерашниот напад во кој режимските сили на Асад корисеа хемиско оружје во Идлиб убиени се повеќе од 100, а ранети повеќе од 500 цивили.
Меѓу страданите е голем број деца и жени, а ОН, НАТО, ЕУ, како и Турција, Велика Британија, Франција и другите земји го осудија тој напад.
Советот за безбедност на ОН денеска одржува вонредна седница за тоа злосторства.