Barış Gündoğan
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган истакна дека во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат" турските сили ја опколиле терористичката организација ДЕАШ на северот на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ја опколивме со сите четири страни терористичката организација ДЕАШ во Ел-Баб. Коалициските сили сега, за жал, не стојат зад ветувњата кои ги дадоа. Тие ветија нешто друго. Како и да е, ние решително продолжуваме по патот по кој тргнавме", рече Ердоган на конференцијата за медиумите по состанокот со претседателот на Гвинеа Алфа Конде во Анкара.
Истакна дека исто така Турција претходно имала сериозни проблеми во инфраструктурата и супраструктурата, но дека со напорна работа во претходните години успеала да ги реши.
„Кога тргнавме по овој пат одлучивме Турција да постигне напредок на основите на четири главни столба. Првиот е образование, вториот е здравство, третиот правда и четвртиот е сигурност. Потоа, ги додадовме уште и енергетиката и сообраќајот", рече Ердоган.
На крајот истакна дека Турција во последните години покренала многу инвестиции во светот вклучувајќи го и африканскиот континент.
„Турција во 2005 година ја прогласи година на Африка. Од тогаш посетивме многу места на тој континент. Кога спавив на должност, во Африка имавме 12 амбасадори, а денеска имаме 39. Треба и понатаму да продолжиме напорно да работиме. Ќе продолжиме со солидарноста со Африка на највисоко ниво", рече Ердоган.