Vesna Besiç
18 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Ататурк Арборетум или паркот со дрвја во Истанбул е еден од најголемите градови во светот познат по својата историска важност и прекрасните сликовити убавини, овие денови е покриен со прекрасните бои на есента, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбул е единствениот град во светот кој се протега на два континенти, се наоѓа на местото каде Азија и Европа ги дели преминот Босфор.
Турскиот град има историја стара повеќе од 2.500 години, а изобилува со многу убавина каде што секој може да најде нешто за себе. Едно од тие места е Ататурк Арборетум каде што уживаат љубителите на природните убавини.
Ататурк Арборетум се наоѓа југоисточно од Белградската шума и се простира на 345 хектари земјиште. Во овој парк има повеќе од 1.500 видови растенија и езеро.
Прошетката во паркот е одмор за телото и душата, а слики од оваа убавина направи и фоторепортерот на АА.