Behçet Alkan
02 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
НЕВШЕХИР (АА) - Кападокија, во општината Ѓореме, е една од најпознатите туристички дестинации во Турција каде се спојуваат убавините на природата и историјата, формирајќи еден од најубавите краеви на светот, пишува Anadolu Agency (AA).
Овие денови овој крај ги прими најубавите бои на есента во кои уживаат голем број на туристи од сите делови на светот. Посебно доживување за нив е тоа што овој крај, кој е на листата на светско наследство на УНЕСКО, може да се набљудува од балони кои се главна атракција на ова туристичко место.
Инаку, временските услови на тоа подрачје дозволуваат околу 300 дена годишно да може да се вози со балоните. Во градот Ѓореме живеат 2.100 лица. Се случува во утринските часови на небото да летаат и до 100 балони. Секој балон може да вози до 20 лица.
Годишно Кападокија ја посетуваат околу 2,5 милиони туристи.
Додека геолошките движења формираа бели самовилски оџаци, луѓето за време на историјата во Кападокија оставија трагови на сопствени цивилизации градејќи во карпите куќи и претворајќи го во ремек дела на човечката цивилизација.