Burak Akay
12 Ноември 2021•Ажурирај: 13 Ноември 2021
ЧАНАККАЛЕ (AA)
- Бурак АКАЈ
Завршени се подготовките за финалното склопување на палубната конструкција на Мостот „Чанаккале 1915“, кој се гради меѓу местата Лапсеки и Гелиболу во областа Чанаккале.
На градилиштата Шекеркаја во Лапсеки на азиската страна и Сутлуче во Гелиболу на европската страна, на проектот кој е опишан како „Ѓерданот на теснецот Чанаккале“, дојдено е до значајна точка во изградбата на мостот во кој, покрај службениците од Генералната дирекција за автопати на Турција, учествуваат 5.095 лица, од кои 649 инженери.
Блоковите за поставување на платото на мостот, тешки приближно 700 тони, широки 45 метри и долги 48 метри, произведени од компанијата ЧИМТАШ во нејзините фабрики во местата Гемлик во областа Бурса и во Ѓолџук во областа Коџаели, беа поставени според редоследот на утврдените точки.

Последното склопување на палубата, кое е најважниот дел од изградбата на мостот, се планира да се направи утре со церемонија на која ќе присуствува и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, кој ги постави темелите на мостот на 18 март 2017 година. Така ќе биде завршено патното поврзување на мостот преку море, а двете страни на теснецот Дарданели ќе се обединат. Со ова ќе заврши патното поврзување на мостот преку море и ќе се обединат двете страни на теснецот Чанаккале.
По работата за поставување на 87-те блока на палубната конструкција на мостот, ќе започнат активностите и на другите работи на патот по кој ќе минуваат возилата.
Во текот на изградбата на мостот, која непречено продолжува во две смени и дење и ноќе, ќе бидат завршени и други елементи како патни врски, активности на автопатот, други операции на мостот и технички работи.
Екипата на Агенција Анадолија (AA) ги гледаше тековните работи на мост од воздух со дрон.

- „Мост на симболите“
Мостот „Чанаккале 1915“, кој е познат и како „мост на симболите“ поради неговите карактеристики и се истакнува со прецизни детали во неговото инженерство, ќе биде „најдолгиот мост со среден распон во светот“. Мостот е дизајниран така што растојанието меѓу носачите изнесува 2.023 метри, симболично во знак на одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Република Турција што се навршува во 2023 година.
Поврзувањето на кулите и елементите на мостот ќе биде обоено со црвена и бела боја, соодветно со боите на турското знаме. Горниот дел од кулите од двете страни на брегот ќе биде изграден во форма која ќе ја претставува гранатата што Сејит Онбаши ја ставил во топовската цевка за време на војната кај Чанаккале.

Должината на првиот висечки мост во теснецот Чанаккале со додадените странични сводови од 770 метри и вијадуктите за пристап од 365 и 680 метри ќе изнесува 4.608 метри.
Палубната конструкција на мостот висока 3,5 метри, ќе се состои од ленти 2 х 3. Пешачките патеки што ќе се изградат од двете страни на плочата на мостот, ќе се користат за одржување и поправка.
Планирано е мостот да биде пуштен во употреба на 18 март 2022 година, на годишнината од поморската победа на Чанаккале.
