Cansu Dikme
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ВАН (АА) - Повеќе од 60 килограми хероин се запленети за време на операција против трговија со дрога во турската источна област Ван, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од полицискиот оддел во Ван се вели дека во операцијата против трговија со дрога, при стопирање на возило во подрачјето на Едремит, биле конфискувани речиси 62 килограми хероин.
Во соопштението се додава дека хероинот бил спакуван во 120 пакетчиња, и бил сокриен во каросеријата на возилото.
За време на операцијата е приведен и возачот со иницијали Ф.О., под обвинение за тргување и транспорт на дрога.
Операциите насочени против трговците со дрога кои ја финансираат терористичката организација ПКК/КЏК се во тек.