?kipa
16 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
АЈДИН (АА) - Голем број домашни и странски туристи одлучија да го поминат Рамазанскиот бајрам на плажите на Кушадаси и Дидим во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Кушадаси, познатиот приморски град во Турција, секоја година привлекува туристи од сите делови на светот. Некогаш мала рибарска населба, денес е популарно летувалиште на брегот на Егејското Море. Градот брои повеќе од 60.000 жители, а во текот на летната сезона го посетуваат и до милион туристи.
Кушадаси нуди богата содржина, меѓу која е културното и историското наследство од времето на античка Грција.
Претседателот на Туристичката заедница на Кушадаси, Булент Илбахар, потврди дека сите хотели во овој град во првиот ден на Бајрам биле пополнети 100 отсто. Тој истакна дека очекуваат успешна летна сезона.
Овие денови температурата на воздухот во Дидим е околу 36 Целзиусови степени, а температурата на морето и до 25. Песочната плажа Алтинкум во турската туристичка дестинација Дидим, е позната по разнобојните чадори за сонце, како и по ситниот песок. Затоа, Дидим е една од најбараните дестинации.
Тајар Џенгис од Туристичката заедница на Дидим изјави дека овогодишната летна сезона почнала порано. Моментално, според него, во хотелите нема слободни места.