Gökhan Ergöçün
31 Јануари 2020•Ажурирај: 01 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Стапката на исполнетост на хотелите низ цела Турција во 2019 година достигна 67,6 отсто, што е за 2,4 отсто повеќе од претходната година, соопшти Турското здружение на хотелиери, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Приходите на секторот по достапна слободна соба (RevPAR) и просечната дневна стапка (ADR) за собите во 2019 година достигнаа највисока стапка во последните три години“, објави Асоцијацијата.
Приходите според достапна соба се зголемија на 52,3 евра, односно за 13 отсто, додека просечната дневна стапка (ADR) за собите се зголеми за 10,4 отсто на 77,4 евра во 2019 година.
Од Асоцијацијата се истакнува дека во просек во Европа стапката на исполнетост на хотелите минатата година изнесувала 72,2 отсто, додека приходите по достапна соба изнесувале 113,3 евра.
Стапката на исполнетост на хотелите во светски познатиот туристички град Истанбул изнесувала 74 отсто, додека во медитеранскиот град Анталија 65,7 отсто.
Приходите по достапна соба (RevPAR) и просечната дневна стапка (ADR) за собите во 2016 година изнесуваа 77,9 евра, односно 39,5 евра, тие достигнаа историски висок износ од 115 евра, односно 74,8 евра во 2012 година.
Турција во 2019 година била домаќин на 45 милиони странски посетители, што е пораст од 14 отсто во однос на претходната година, покажуваат податоците на турското Министерство за култура и туризам.
Според статистичките податоци на земјата, годишните приходи од туризмот во Турција во 2019 година се зголемија за 17 отсто, достигнувајќи 34,5 милијарди долари, што претставува историски висок износ.