Ahmet Sertan Usul
14 Јуни 2020•Ажурирај: 15 Јуни 2020
АНКАРА
Најмалку едно лице загина, а 18 лица се повредени во земјотресот кој ја погоди турската област Бингол, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција (АФАД) соопшти дека под урнатините на жандармерискиот објект е извлечено безживотно тело на еден стражар, а дека од последиците на земјотресот се повредени вкупно 18 лица, а 15 лица се хоспитализирани.
Во соопштението се наведува дека од последниците на земјотресот се оштетени најмалку 14 куќи и една штала, а дека во центарот на градот не се регистрирани штети на објектите.
Потпретседателот на Турција, Фуат Октај, по наредба на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува во Бингол за да ги посети регионите погодени од земјотресот, а во неговата бројна делегација на високи турски функционери се и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу и министерот за животна средина и урбанизам на Турција, Мурат Курум.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер денеска во попладневните часови ја погоди турската област Бингол, а од АФАД е соопштено дека епицентарот е регистриран во дистриктот Карлиова.
Турскиот министер за животна средина и урбанизам Мурат Курум соопшти дека сите надлежни служби се на терн и дека работат на евидентирање на последиците од земјотресот.