Handan Kazancı,Davut Demircan
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени го потресе медитеранскиот регион на Турција рано утрово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот бил регистриран недалеку од брегот на Датча во југозападната турска област Мугла во 2:22 часот по полноќ по локално време.
Земјотресот се случил на длабочина од 5,8 километри.
Нема непосредни извештаи за жртви.
Агенцијата подоцна додаде дека утринава се регистрирани вкупно шест земјотреси со магнитуди помеѓу 4,1 и 5,6 во Медитеранот.