Elena Trenchevska Chekovikj
16 Јануари 2026•Ажурирај: 16 Јануари 2026
ЈОЗГАТ (АА) - Обилните снежни врнежи го претворија централниот дел на Турција во вистинска зимска разгледница, пишува Анадолу.
Снегот што падна во подрачјето на Јозгат создаде живописни сцени во шумските предели, каде што белата снежна покривка се спои со зеленилото на боровите.
Особено впечатливи беа пејзажите во националниот парк „Борова шума на Јозгат“, каде што густите борови шуми беа целосно покриени со снег.
Контрастот меѓу снежната површина и темнозелените крошни создаде визуелен ефект што го привлече вниманието на локалното население и на љубителите на природата.
Зимата им даде посебен шарм и на шумските подрачја на округот Акдагмадени, каде што снегот ја збогати природната убавина на регионот.
Снимките направени по врнежите прикажаа панорамски погледи од зимската идила, откривајќи тивка и мирна атмосфера во срцето на природата.
Ваквите снежни услови не само што го разубавија пејзажот туку и најавија вистинска зима во Централна Турција, потсетувајќи на силата и убавината на природата во овој период од годината.