Emre Doğan
22 Јули 2018•Ажурирај: 23 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупно 2.419 пливачи од 55 земји учествуваа денеска на 30. Самсунг Интерконтинентален натпревар, преку Босфорот, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесниците на натпреварот, кој го организира Турскиот олимписки комитет (ТМОК), запливаа од местото Канлиџа на азискиот брег на Босфорот, а трката заврши на европското крајбрежје.

Натпреварувачите пливаа во групи, а стартот на трката го означи турскиот министер за спорт и млади, Мехмет Мухарем Касапоглу. Пливачите носеа чипови на нозете кои го мереа времето и го одредуваа крајниот пласман.
Најдобро организираната трка од овој вид во светот, во машка конкуренција ја освои Догукан Улач од Северен Кипар, кој Каналот од 6,5 километри го преплива за 46 минути и 58 секунди.

Второто место го освои домашниот натпреварувач Ерге Џан Гезмиш, додека Американецот Александер Костич, беше третопласиран.
Во женска конкуренција победи Турчинката Хилал Зејнеп Сарач, која го преплива Босфорот за 50,5 минути. Второто место ѝ припадна на домашната конкурентка Бусе Топчу, додека третото место ѝ припадна на Американката Ејми Дантзлер.