Ali Cevahir Aktürk,Halil Demir
28 Октомври 2017•Ажурирај: 29 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Полицијата во истанбулскиот кварт Бајрампаша уапси четири припадници на терористичката организација ДЕАШ во чие возило пронајде експлозив на далечинско управување, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската полиција на паркингот на трговскиот центар во Бајрампаша приведе четири припадници на ДЕАШ од кои две женски лица.
Од полицијата наведоа дека покренаа акција откако синоќа во два стана во квартовите Есенјурт и Аравуткој избувна пожар, а потоа следуваа и експлозии.
Припадниците на полицијата потоа следеа возило во кое се наоѓаа лица за кои постоеше сомнеж дека во име на терористичката организација ДЕАШ планираа напад.
По сознанието дека во возилото бело по боја се наоѓале четири припадници на ДЕАШ, полициските тимови ја интензивирале акцијата.
Терористите во сабота во послепладневни часови на паркингот од трговскиот центар во Бајрампаша оставија возило и се обидоа да избегаат.
Откако не се огласиле на предупредувања на полицијата да се предадат, еден од терористите е неутрализиран, така што е погоден во нога, а останатите тројца припадници на ДЕАШ набргу се фатени.
Ранетиот терорист е префрлен во болница, а останатите три лица се одведени во полициска станица.
Тимовите за уништување на експлозивните средства со детонатор го контролираа сомнителното возило коешто го користеа терористите. Утврдено е дека во возилото се наоѓал рачно изработен експлозив на далечинско управување.