Gökhan Ergöçün
20 Септември 2019•Ажурирај: 21 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Фестивалот на воздухопловство и технологија (ТЕХНОФЕСТ), кој се одржува во Истанбул и спаѓа во редот на најголемите настани од тој вид во светот, во текот на првите денови го посетија повеќе од 400 илјади посетители, рекоа организаторите, јавува Anadolu Agency (AA).
АА е глобален медиумски партнер на ТЕХНОФЕСТ, кој со поддршка на бројни институции, компании и универзитети со Т3 го организира и Министерството за индустрија и технологија на Турција.
„Стапката на посетители и учесници на настанот во просек е поголема отколку минатата година, кога вкупно се угостени околу 550.000 луѓе“, напомена Селчук Бајрактар, претседател на T3.
„Минатата година фестивалот го посетија луѓе од 60 земји, а оваа година дојдоа од дури 122“, нагласи Бајрактар.
Се очекува дека на манифестацијата, која завршува во недела, ќе присуствуваат околу милион домашни и меѓународни посетители.
Престижниот настан настана како национален технолошки исчекор во правец на претворање на Турција во технолошки продуктивно општество. Целта на фестивалот е јакнење на свеста за важноста на технологијата и науката и јакнење на човечките ресурси на Турција, кога станува збор за стручни и способни инженери и научници.
ТЕХНОФЕСТ се одржува на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, а во текот на фестивалот ќе се одржат 19 натпреварувања, кои ја поддржуваат работата на младите во полето на модерните технологии. За учество се пријавија 50.000 натпреварувачи од 122 земји. Планирано е и одржување на голем број конференции, семинари, работилници, претставувања на новите производи и други содржини.