Ferdi Türkten
06 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, ја критикуваше политиката на одбивање која ја спроведуваат земјите членки на Европската Унија (ЕУ) против мигрантите на море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Калин на својот профил на социјалните мрежи изјави дека ова прашање не е на врвот на дневниот ред.
„Најмалку 2.000 луѓе починаа поради праксата на одбивање која ја спроведуваа земјите членки на ЕУ кон мигрантите на море за време на пандемијата. Оваа вест во европските медиуми сепак нема да се најде на врвот на дневниот ред. Со секоја беспотребна смрт на луѓето умира и човештвото“.