Zafer Fatih Beyaz
12 Јуни 2021•Ажурирај: 13 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Гласноговорникот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин, оствари телефонски разговор со американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на гласноговорникот се наведува дека на состанокот се разговарало за билатералните односи и за регионалните прашања, вклучувајќи ги и случувањата во Авганистан, Сирија, Либија, Источен Медитеран и Кипар.
Разговарано е за деталите на билатералниот состанок што ќе се одржи меѓу турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот претседател, Џо Бајден, во рамките на НАТО-самитот, како и за прашањата за кои ќе се разговара.
Во соопштението се наведува дека на состанокот е нагласено дека односите помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД), двата НАТО-сојузника со долга историја, треба да се фокусираат на позитивната агенда и стратешката соработка.
Договорено е дека треба сите прашања што се однесуваат на односите меѓу Турција и САД да се решаваат со разбирање и меѓусебно уважување.