Çiğdem Alyanak,Gülsüm İncekaya
07 Октомври 2017•Ажурирај: 08 Октомври 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на Кабинетот на претседателот на Република Турција, Ибрахим Калин, денес во Истанбул изјави дека на Обединетите нации (ОН) им е потребна сериозна реформа, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин се обрати на младите на конференцијата во Истанбул а во таа прилика зборуваше и за структурата на Советот за безбедност на ОН.
„Ниту една членка на Советот за безбедност, ни по која цена, не сака да се откаже од своите бенефиции. Ако моментално Советот за безбедност продолжи по истиот пат, тоа значи дека комплетниот систем на ОН не функционира, а воедно и ја губи својата смисла“, изјави Калин.
Тој изјави дека Советот за безбедност е дисфункционален и не е во состојба да ги реши проблемите како сириската криза и нуклеарната програма.
„ОН е формиран по Втората светска војна, но се занимава со стварноста на денешницата. Поради тоа му е потребна една сериозна реформа. Поради тоа е смислена една формула дека светот е поголем од пет земји, односно дека светот не се состои само од пет земји членки на СБОН “, порача Калин.