İlkay Güder
10 Февруари 2018•Ажурирај: 11 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Портпаролот на претседателството на Турција, Ибрахим Калин, за весникот Daily Sabah објави статија под наслов „Ердоган со посетата на Ватикан ја зацврсти надежта за глобален мир”, јавува Anadolu Agency (AA).
Калин во својата статија истакнува дека претседателот Реџеп Таип Ердоган по цели 59 години е првиот претседател на Турција кој го посетил Ватикан. Тој истакнува дека средбата е остварена по одлуката на Генералното собрание на ОН за Ерусалим (Кудс), и е повод за отворање на важна страница во турско-ватиканските односи.
Калин во написот потсетува дека папата Франциско, посетувајќи ја Турција во 2014 година, бил првиот странски лидер кој бил пречекан во претседателската палата, додавајќи дека двајцата лидери разгледале голем број прашања, како што е прашањето за Ерусалим, муслиманско-католичките односи, кризата во Сирија, бегалската криза, тероризмот, ксенофобијата и исламофобијата.
Од доаѓањето на престолот за духовен лидер на католиците, Калин за папата Франциско вели дека тој се претставил со профил на искрен лидер, отворен за контакти, благонаклонет, либерален. „Јасниот и одлучен став кој го прикажа Ватикан за Ерусалим, позитивно е прифатен од страна на муслиманскиот свет и меѓусебно ги приближи муслиманите и католиците. Всушност оваа ситуација воопшто не е зачудувачка, бидејќи Ерусалим и за католичниот свет претставува свето место и неприфатлива е едностраната одлука на САД и Израел”, процени Калин во својата статија.
„Папата, одбивањето на новите видови на расизам и исламофобија
го истакна како морална и политичка одговорност”
Калин во својот напис истакна дека особено од аспект на муслимани и христијани кои живеат во арапските и муслиманските земји, израелската окупација на Ерусалим претставува еден од главните проблеми присутен на светата земја.
Од тој аспект, Калин посочувајќи дека одлуката на раководството на САД за Ерусалим претставува еден дел од проблемот, во статијата го наведува следното „Зголемувањето на бројот на населбите, експропријацијата на земјата на муслиманите и христијаните и вршењето притисоци, претставуваат пречка за враќање на палестинските бегалци на својата земја и му наштетува на формирањето на траен и праведен мир на Блискиот исток”.
Калин, наведува дека сеопфатните пораки кои ги праќа папата Франциско се од големо значење наспроти ескалацијата на расизмот и движењата на екстремната десница. Тој наведува дека при посетата на Ватикан од страна на турскиот претседател, двајцата лидери изразиле желба да работат заедно на полето на мирот, безбедноста и пријателството.
Калин зборувајќи за прикажувањето на политичките и физички напади врз мирољубивите муслимански заедници како „ново нормално нешто”, во својата статија наведува дека тоа претставува проблем од аспект на муслиманите и немуслиманите и го истакнува следното:
„На ист начин, антисемитизмот во Европа еволуираше во Нацизам и геноцид. Папата, одбивањето на новите видови на расизам и исламофобија го истакна како морална и политичка одговорност. Од тоа треба да се задоволни сите муслимани. На ист начин, потребно е и муслиманските лидери да ги заштитат од напади христијаните кои живеат во нивните земји. Турција прави низа чекори со кои ќе ги обезбеди правата и сопственоста на христијанските и еврејските заедници во земјата. Искрено, потребно е муслиманите, христијаните, евреите, преставниците на други верски заедници и оние лица кои не се верници, да ги здружат своите сили против расизмот, ксенофобијата и дискриминацијата”.