Muhammet Emin Avundukluoğlu
03 Февруари 2022•Ажурирај: 04 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Комисијата за надворешни работи при турскиот Парламент денеска го одобри предлог-законот за историската Декларација од Шуша, потпишан од Турција и Азербејџан на 15 јуни 2021 година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи пред членовите на Комисијата, турскиот заменик-министер за надворешни работи, Јавуз Селим Киран, рече дека Турција придава важност на одржувањето на односите со Азербејџан на високо ниво.
Киран повтори дека инвестициите на Азербејџан во Турција надминале 20 милијарди долари, а турските инвестиции во Азербејџан надминале 12 милијарди долари.
Тој рече дека Турција и Азербејџан потпишале различни поглавја во војската и во други области, додавајќи дека двете земји го прошириле опсегот на заедничките воени вежби.
„Нашите односи со Азербејџан ги гледаме како историска и правна одговорност“, истакна тој.
Турција и Азербејџан ја потпишаа Декларацијата од Шуша, која се фокусира на одбранбената соработка и воспоставувањето нови транспортни патишта.
На настанот присуствуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, кои се состанаа во историскиот град Шуша, ослободен во ноември 2020 година од речиси 30-годишната ерменска окупација.
Декларацијата ги потврдува заедничките напори на двете армии наспроти странските закани и реструктуирањето и модернизацијата на нивните вооружени сили.
Турција беше клучен поддржувач на Азербејџан за време на 44-дневната војна во Карабах меѓу Азербејџан и Ерменија, која избувна на 27 септември 2020 година и заврши со прекин на огнот со посредство на Русија на 10 ноември.