Ali Ballı
28 Август 2022•Ажурирај: 30 Август 2022
МУГЛА (АА) - Крајбрежната стража на Туркије спаси 66 нерегуларни мигранти на брегот на турскиот град Бодрум во областа Мугла, известува Агенција Анадолија (АА).
Командата на Крајбрежната стража соопшти дека добиле дојава дека група нерегуларни мигранти се наоѓаат во гумен чамец во близина на бодрумскиот брег, по што веднаш е испратена единица во тоа подрачје.
Во таа прилика спасени и извлечени се на брегот вкупно 66 мигранти, по што се префрлени во покраинската служба за миграции.
Туркије се наоѓа на една од главните рути за мигрантите и барателите на азил кои сакаат да преминат во Европа, особено по граѓанската војна во Сирија, што започна во 2011 година.