İdris Okuducu,Hamit Hüseyin
27 Декември 2015•Ажурирај: 28 Декември 2015
ЕРБИЛ (АА) - Кифа Мустафа, првиот советник на претседателот на Курдската самоуправа во северниот дел на Ирак, Месут Барзани, наведува дека руските тврдења дека терористите на ДАЕШ јапродаваат нафтата на Турција се неосновани, и дека колоните со цистерни на ирачко-турската граница од сателитските снимки на руската војска се камиони кои пренесуваат нафта од Курдската самоуправа кон Турција, односно дека не се на ДАЕШ, како што тврди Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
"Руските тврдења дека ДАЕШ со цистерни ја пренесува својата нафта преку Курдскиот регион во Турција се неосновани. Сателитските снимки за кои руската војска тврди дека видените цистерни се на ДАЕШ, се всушност наши цистерни кои пренесуваат сурова нафта преку граничниот премин Ибрахим Халил-Хабур во турското пристаниште во Џејхан", рече Мустафа.
Истакнувајќи дека на сите, па и на Русија, им е добро познато колку напори се вложуваат во борбата против терористите на ДАЕШ во регионот на курдската самоуправа бо Ирак, Мустафа рече дека курдските сили Пешмерга секојдневно војуваат против терористите и дека е незамисливо во таа ситуација да дозволат транспорт на нафтата на ДАЕШ преку својата територија.
Руската војска пред два дена објави сателитски снимки на кои се гледаат 12.000 цистерни во градот Захо и за нив тврди дека станува збор за цистерни со кои се пренесува нафтата на ДАЕШ во Турција. Официјална Анкара претходно ги отфрли тврдењата на Москва.