Şafak Yel
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
ИЗМИР (АА) - Мозаик стар 2.700 години, за кој се смета дека им припаѓал на богатите Римјани, беше откопан во делот кој има форма на куќа, 10 метри под земја во западна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турската полиција дозна дека нелегални ископувања биле извршени во градината на резиденцијата во близина на историската чаршија „Кемералти“ и урнатините „Агора“ во областа Измир, каде што тесните улички не им дозволуваат на возилата да влезат во населбата.
По едномесечно следење, полицијата уапси тројца осомничени кои се обидувале да ископаат историски остатоци, со копање на тунел.
По апсењата, експертите од Археолошкиот музеј на Измир спроведоа истражување во областа и пронајдоа мозаик, со големина од 178 х 171 сантиметар и два столба со должина од два метри, кои му припаѓаат на раниот римски период, кој ги опфаќа годините 753 - 509 пр. н.е.
Мозаикот, прикажувајќи две човечки фигури со петли, се верува дека им припаѓа на богатите Римјани, кој обично се наоѓал на ѕидовите на куќите, симболизирајќи величественост и богатство.
Наводно, осомничените ѝ кажале на полицијата дека кога дупчеле во дворот на куќата за да вадат вода, забележале дека градежната машина не можела да се движи подолу од одредено ниво и кога го ископале бунарот со лопата, го пронашле мозаикот и столбовите.
Областа е земена под заштита по откривањето на мозаикот, за кој се смета дека е еден од ретките во светот.