Bekir Bektaş
19 Април 2020•Ажурирај: 22 Април 2020
АНТАЛИЈА (AA) - БЕКИР БЕКТАШ
Музичарот Онур Нугај во турскиот град Анталија приреди мини концерт на тераса на својата зграда за да на тој начин барем малку ги расположи и да им го разубави денот на своите соседи кои не можат да излегуваат од своите домови во текот на викендот поради полицискиот час воведен поради пандемијата на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во разговор за АА, 40-годишниот Нугај рече дека во овие тешки денови одлучил на својствен начин, со гирара и песна, барем малку да ги израдува соседите и да им го разубави денот.
Бројните соседи, откако ги слушнаа првите звуци на гирарата и добрата песна, излегоа на балконите и присуствуваа на овој несекојдневен концерт кој го наградија со громогласен аплауз.
„На почетокот мислев дека можеби ќе им пречи прегласна музика, но на крајот сепак имавме многу убав концерт. И соседит изгледа се воодушевија. По овој концерт и искажаното заедништво и слога, убеден сум уште повеќе дека ова заедно ќе го надминеме", рече овој музичар.
Тулин Каја, една од соседките кои уживаа во концертот, рече дека ова било преубаво изненадување за неа, но и за сите нејзини соседи.
„Концертот многу ми се допадна. Ова добро ни дојде во овие денови. Сигурно ни го поправи расположението", додаде таа.
Аднан Зеки, кој исто така го слушаше концертот, истакна дека првин е изненаден кога ги слушнал звуците на гитарата и песната, но подоцна уживал.
„Поради вирусот мораме да останеме во нашите домови. Некогаш е навистина тешко, но токму ваквите активности на луѓето им го поправаат расположението во овие тешки денови", додаде Зеки.