Sarp Özer
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Началникот на Генералштабот на турската војска, генерал Хулуси Акар допатува во посета на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар со авион на турските воздушни сили од воената база во Етимесгут допатува во Сочи.
Во Сочи ќе биде одржана трилатерална средба на воените челници на Русија, Турција и на Иран.
Генералите Валериј Герасимов, Хулуси Акар и Мухамед Бакири ќе разговараат за продолжение на трилатералната соработка во мировниот процес во Сирија.