Nilay Kar
07 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Најголемата џамија во Турција се отвори денеска за верниците во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Џамијата со капацитет за 63.000 верници се наоѓа во азискиот дел на Истанбул – Чамлиџа, и беше отворена со утринската молитва, по шестгодишна изградба.
Изградена во отоманско-селџучкиот архитектонски стил, џамијата е лесно забележлива од секој дел на градот.
Тоа не е само џамија, туку комплекс, кој вклучува музеј на турско-исламската уметност, библиотека, уметничка галерија, конференциска сала, како и паркинг со капацитет за 3.500 автомобили.
Има шест минариња кои ги претставуваат шесте столба на исламот. Четири минариња се високи 107,1 метар, во чест на победата на селџучките Турци во битката кај Манцикерт од 1071 година против византиската војска, што ја отвори Анадолија за турската доминација.
Нејзината главна купола со висина од 72 метри ги претставува 72-та народа кои живеат во градот. Втората купола со дијаметар од 34 метри го симболизира бројот на регистерските таблички на Истанбул.
Внатре, во куполата, се впишани 16 имиња на Алах, симболизирајќи ја бројката на земји втемелени од Турците.
Троделниот украс на главната купола кој тежи 4,5 тона и е со височина од 7,77 метри, е најголемиот од таков вид.
Во џамијата се наоѓа и рачно изработен тепих од 17.000 метри квадратни. Минберот во џамијата (местото од каде што имамот ја пренесува хутбата), е висок 21 метар и може да се подигнува со лифт
Џамијата може да одржи осум погребни молитви во исто време.
Челникот на Здружението за изградба и зачувување на џамиите и културата на Истанбул, Ергин Кулунк, истакна дека џамијата „Чамлиџа“ официјално ќе биде инаугурирана од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.