Jeyhun Aliyev
12 Февруари 2021•Ажурирај: 12 Февруари 2021
КИРКЛАРЕЛИ
Турските безбедносни сили фатија најмалку 23 нерегуларни мигранти во северозападната област Киркларели, велат безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мигрантите со потекло од Авганистан и Сирија се фатени во две одвоени групи од страна на жандармериските сили во селата Татлипинар и Девлетлиагач во подрачјето Кофчаз, кое граничи со Бугарија.
Постапувајќи по дојава, тимовите фатија 11 мигранти во Девлетлиагач и 12 други во шумско земјиште во Татлипинар.
Нерегуларните мигранти фатени во Девлетлиагач им рекле на турските сили дека ја преминале границата, но дека биле вратени назад од страна на бугарската полиција.
По рутински медицински преглед, тие се однесени во Командата на жандармеријата и подоцна пренесени во локалниот Центар за репатријација.
Турција е клучна транзитна рута за мигрантите кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено за оние што бегаат од војна и прогон.
Турција е домаќин на речиси 4 милиони бегалци, повеќе од било која земја во светот.