Ayşe Hümeyra Atılgan
22 Септември 2016•Ажурирај: 23 Септември 2016
ВАН (АА) – Според информација од канцеларијата на регионалниот гувернер, денес двајца терористи на ПКК се неутрализирани од страна на Турските безбедносни сили во источната покраина Ван, јавува Anadolu agency (AA).
Полицијата започнала операција во подрачјето Ипекјолу кога добила информација во врска со двајца терористи, кои биле пронајдени во нивните домови. Безбедносните сили првично ги повикале да се предадат, но наместо тоа, тие отвориле оган, и ненадејната престрелка резултирала со смрт на двајцата терористи.
Од канцеларијата на гуверенерот на Ван велат дека двајцата неутрализирани терористи го подготвиле бомбашкиот напад во покраината пред 10 дена, во кој загинаа 53 лица, вклучувајќи и четири полициски службеници, повредени на првиот ден од Курбан Бајрам.
Во претходен бомбашки напад минатиот месец, двајцата терористи на истото подрачје, исто така убиле двајца полициски службеници, се додава во извештајот на канцеларијата.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ, а станува збор за група којашто веќе повеќе од три децении води оружена кампања против Турција.
Досега во акциите животот го загубија повеќе од 600 припадници на турските безбедносни сили, а неутрализирани се над 7.700 терористи.