Sefa Şahin
24 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Во тек е деветтата сертифицирана програма за воено новинарство која е организирана во соработка со Академијата за новинарство на Anadolu Agency (AA) iи турската Полициска академија.
Новинарите учесници во оваа програма организирана со цел да се обучат новинарите кои ќе работат во ситуација на војна, катастрофа и вонредна состојба, ги обучуваат полицајци и војници експерти во различни области.
Новинарите беа запознаени со различни теми како што се киднапирање, заложништво, позиционирање на контролните пунктови, оружје и лична безбедност. Тие беа запознаени во врска со непробојни опреми од страна на Одделот за специјални операции при Генералната полициска дирекција на Турција.
Во рамките на теренската обука, новинарите учесници во вечерта на 22 мај тргнаа кон позицијата Шекертепе во градчето Ѓолбаши, каде покрај патот беа направени изненадни заседи за кои учесниците на програмата не беа информирани.
Новинарите пешачеле пет километри во тешки теренски услови, а престојувале во позициите кои сами ги изградиле. Како дел од обуката, новинарите оделе кон местото каде требале да снимаат, а со исфрлање на сигнална ракета, лежејќи на земја сите се обиделе да се скријат.
Исто така, новинарите учесници на оваа програма со цел да се избегнува приведувањето, до утринските часови држеле стража против вежбите за полициска рација. Наутро пешачеле 10 километри, и преку различен пат пристигнале до Одделот за специјални операции, каде ползејќи поминале преку еден тунел поствен на ова место се обиделе да ја снимаат нивнат цел.
Онур Гемиџи, еден од учесниците на програмата, истакна дека се при крај на оваа обука која започнала на 15 мај.
„При крај сме од вториот дел со полицајците од специјалните операции. Обуките помина успешно. Им се заблагодарувам на сите кои дале придонес за оваа обука. Тука ние го учиме следното: 'Ако не падне капка пот на обука, ќе падне капка крв во војна'. Овие зборови постојано ги имавме на ум и според нив ги направивме нашите обуки“, рече Гемиџи.
Фатих Мехмет Ќуркчу нагласи дека стекнале искуство за обезбедување животна безбедност и извршување на обврските во воено поле. Тој истакна дека сите новинари треба да учествуваат на обуки за воено новинарство.
Исто така, во рамките на обуката новинарите се обучувале што треба да се направи во случај на несреќа кога не е поставен заштитниот појас.
По оваа обука новинарите играле „paintball“ со цел да ги зајакнат рефлексите за координација и тимска работа.
На крајот на оваа програма учесниците ќе се стекнат со меѓународно признаени сертификати.