Burcu Çalık
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Вооружените сили на Турција (ТСК) продолжуваат во согласност со планираната воена операција ‘Маслинова гранка’ во Африн, на северозападот од Сирија, во чии рамки досега се неутрализирание најмалку 1.062 терористи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската авијација уништи 19 позиции на терористите, а уништени се и магацини со оружје и муниција и терористички засолништа.
Генералштабот на војската на Турција соопшти дека турските воздухопловни сили во изминатите 24 часа уништиле неколку терористички упоришта и неутрализирале најмалку 34 терористи.
- Ослободени села
Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната војска на Сирија (ССА) во рамките на операцијата „Маслинова гранка", во подрачјето на Африн го ослободија селото Орта Чакали.
Според информациите добиени од новинарот на АА присутен на теренот, припадниците на ТСК и ССА од рацете на ПЈД/ПКК го ослободија селото Орта Чакали, сместено во појасот на Шех Хадид, западно од Африн.
Претходно беа ослободени и селата Чукали Фавкани во појасот Шех Хадид, селата Дуќан и Нисрије во појасот на Џиндерес и ридот Нисрије.
На полноќ, турските воени авиони гранатираа голем број позиции на терористите во селата Бафлун Даги, Шех Хуруз и Кефер Џенне, потоа појасите Шеран, Џиндерес и Раџу и некои подрачја во кои се наоѓаа собирни центри на терористите.
ТСК и ССА која и дава поддршка на операцијата, од почетокот на операцијата досега од окупацијата на ПЈД/ПКК во подрачјето на Африн ослободи 46 позиции, меѓу кои 1 центар на областа, 29 села, 3 селца и 13 стратешки ридови.
Операцијата во Африн започна на 20. јануари во согласност со турските права засновани на меѓународното право и резолуциите на Обединетите нации, особено на оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на членот 51. од договорот на ОН, односно „правото на самоодбрана”.
Операцијата се спроведува со целосно почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите на режинот на Асад во јули 2012 година без борба на терористите на ПЈД/ПКК им ја препуштија контролата врз Африн, по што овој град стана еден од главните центри на терористичката организација.
Во моментов, терористите на ПЈД/ПКК под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8.000 и 10.000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, САД и Европската унија. ПКК уште од средината на 80-тите години на минатиот век води терористичка кампања против Турција.