İlyas Kaçar,Halil Demir
16 Декември 2020•Ажурирај: 17 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Во Истанбул се извршени операции против терористичката организација ДЕАШ, при што се приведени 18 осомничени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Операциите се извршени од страна на тимовите на Одделот за борба против тероризмот при Полициската дирекција во Истанбул.
Се истакнува дека овие тимови започнаа операција со цел дешифрирање на активностите на терористичката организација ДЕАШ.
Во рамки на операциите, извршени се истовремени рации во претходно утврдените локации во областа.
Операциите беа поддржани од страна на специјални сили, во чии рамки се приведени 18 осомничени, кои се пренесени во полициска станица.
Полицијата исто така изврши претрес во овие локации.